Еве да ве прашам, што мислите колкава е веројатноста два дена по ред да паѓаш на НБА хендикеп, ама нерешено да завршува? Епа не си ги мачете мозоците. Феноменот за во Гинис е никој друг, туку Гоки!Имено, откако само ден претходно Лејкерс на хендикеп излезе нерешено и ме изшупчи, од ноќеска чекав само Детроит - Чикаго, исто така на хендикеп. И што мислите, како заврши?
ПОГОДУВАТЕ!!!
Detroit - Chicago(+6) 104-98
Дале тројка пет секунди пред крај, онака кога се се знаело. А воделе во еден момент и со 19 разлика. Затоа мислам дека хендикепот е уствари големo срање. Може евентуално кога разликата е мала, или е голема па играш контра тимот - фаворит. Инаку ова слично како Лејкерс, чиста утакмица. Детроит со два пораза по ред, мораше да добие - коефициент 1.35. Да ми кажуваше ова некој друг, искрено во еден момент ќе си помислев дека малку преувеличува. Но, како што гледате, чуда се можни!
П.С. Поради мал избор на натпревари и зимската пауза во најјаките лиги, Васизор лигата исто така оди на зимска пауза. Договорот е да има барем три од најјаките пет лиги како основен услов за продолжување. Оваа пауза најмногу ќе му годи на Зоре, кој ќе ја употреби да ги стабилизира редовите и намести нишаните пред претстојното коло.
"Ништо не е завршено. Ќе се борам до крај и не ја губам вербата во себе", изјави Ѓорчески на прашањето дали смета дека првото место е загубено.
No comments:
Post a Comment