Почнува Европското во ракомет, како што претпоставувам знаете, во група сме со Германија, Хрватска и со Србија. Иако не сум детално запознаен со состојбите, од она што можев да го прочитам досега, не успеав да добијам претстава за тоа какви ни се шансите во групава. На официјалниот прес вчера, беше речено дека целта е втората фаза, односно завршување меѓу првите три во групата. Како организатори, имавме привилегија сами да си ја одбереме групата, па веројатно знаеле што прават. Па сега вака: Германија е фаворитот во групата. Четврти од последното Европско, но лоши на Олимпијадата во Пекинг. Само еднаш од шест пати сме ги добиле, 23-22 во баражот за ЕП 2004 година. За хрватките ништо не знам, освен што мислам дека добија на контролна сега скоро и тоа онака добро не подбраа. Мислам дека најголеми шанси за победа ни се даваат со Србија. Подмладена репрезентација која ќе ја предводи искусната Медвед. Нивниот селектор изјави дека полесно ќе ги добијат Хрватска и Германија, отколку Македонија. Ние играме без Радуловиќ, која некако успеа да се повреди пред самиот почеток на првенството. На клупата, покрај нашиот селектор ќе седи и Акопјан, стариот лисец и добар познавач на ракометот кај нас и во светот. Незнам што бидна со Бујанова, се збореше дека ќе игра и со Охо(т)анга, која беше повредена. Колку што забележав, ништо не победивме во контролните натпревари. Ќе видиме вечер со Германија на кое ниво сме и што може да се очекува понатаму. Инаку, прв фаворит е Норвешка. Ќе се обидат по трет пат по ред да го освојат ЕП. Последно злато - она од Пекинг. Ова е официјалната страна на првенствотo, а еве ги и коефициентите за победник од bwin:
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
|
| ||||||||
Akopjan ke ja "sredi".....
ReplyDelete