Thursday, November 27, 2008

Нова гачка на Васизор

Во еден неврзан муабет со Ѕуки искрсна идејата на Васизор да го има од страна, како линк, додатокот на Sportlife. Па еве, ја земав работата во свои раце и нешто успеа да се направи. Отсега натаму, под амблемот на Sportlife ќе стои линкот до страната на нашата матична кладилница. Бидејќи додатокот е pdf file, а јас уште не сум стигнал до тоа ниво, не бев во можност да поставам директен линк до додатокот. Ама и вака е лесно, кликаш на линкот и од таму си на еден клик до денешниот додаток. Мислам дека беше безвезе што на Васизор досега го немаше овој линк. Во настојувањето на едно место да ги имаме сите алатки потребни за кладење, после телетекстот, еве сега на Васизор ја имаме и комплетната страна на Sportlife.

1 comment: