

После подолго време, во неделата гледав македонски фудбал. Имаше Победа – Вардар на А2, па гледав цело второ полувреме. Луѓе мои, што да кажам, од кај да почнам. Најинтересното кај нашиве преноси е тоа што камерата е меѓу публика и се што ќе речат гледачиве се слуша. Еден дел од богатиот опус на прилепската публика (на дијалект): Ако вредеше нешто ќе те земеа надвор да тибам жената да тибам...Клоцни го да му ибам мајката...Турни го...Ако беше чоек немаше да те бркаат од Силекс...Што сакаш бе ѓуптин еден (за Брага)...да тибам мамичето, да тибам в пичка...Што е море Јанчевски, што сакаш, да ти ибам сестрата...Катастрофа...Па теренот, целиот дупка до дупка. А за квалитетот на утакмицата, не знам дали да трошам зборови. Инаку, заврши 0-0, абе секој шут да завршувало на трибини? Какви ли легендарни центаршути. Ни блузу до шеснаесетник. Си викам можно ли е ова. Како да гледаш типична селска лига, а не прва. Судат пенал за Вардар, шутира Баевски, погодува, ама судијата вика пак да се изведе. И овој Баевски се изгуби. Си вика кај да шутирам сега? Се гледаше дека ќе промаши. И шутира пак на исто место и голманов глатко му ја фати. Фудбалериве не личат на фудбалери. Кој слаб, кој дебел, кој стар...Во афект стискам копче на далечинското. Блекбурн – Челзи! Каков благодет за очите! Каква разлика! Како два различни спорта да сум гледал.
Ajde ajde ka se opravi ligata eden den.....
ReplyDeleteBaevski sirot se izgubil..
"Koj debel,koj slab,koj star...ene majmun i taka...