Никогаш нема да станеш голем тренер. Знаеш и самиот. Знаеш дека ни најмалку не отскокнуваш од бедниот просек. Знаеш дека само прашање на време е кога ќе те шутнат од Сити, а после цел живот ќе водиш Фулами, Блекбурни, Портсмаути, биди среќен дури и Астон Вила ако ти ја дадат. Капа долу како фудбалер (иако си шутнат од Барса по една сезона), но ретко кој добар фудбалер станува и добар тренер. Убаво ви рече сер Ферги: "Ривалство со Сити? За нас секогаш сте биле клуб со селски менталитет". И ви го спопика во 96-та. Колку да знаеш каде сте и кој е кој. А ти си предодреден да пливаш во плитко, неможеш подалеку, иако изминативе две години шеиците фрлија еден куп пари и ти донесоа се што вреди во Премиер, а не е во големата четворка. Џабе. Ти пак ќе губиш од Хал и Сандерленд, а кога ќе играте со Ливерпул, Челзи или Арсенал, потајно ќе се молиш да не изгубите со голема разлика. Ти си Цапар. Англиски Цапар од Велс. Со две раце ќе потпишеш нерешено пред утакмица, само да не изгубиш. А ако се укаже шанса да се победи, тогаш добро. "You have no guts"! Менаџерската плата е примамлива, зошто да ризикуваш. Вака си сигурен. А ако се незадоволни работодавачите, ќе те отпуштат, ама ти секогаш ќе најдеш клуб кој ќе ти го доверат поради старата слава. Ама таквите како тебе се како јагули. Неможеш да ги фатиш ни за глава ни за опашка. Зошто нерешено не ниту добро, ниту пак лошо. Ебате тупата велшка фаца!П.С. Да се има на ум дека авторот постот го пишува во афектна состојба, кога за да добие ливче, Манчестер Сити требаше да даде само гол со Бирмингем, за што коефициентот беше 1.10
а па состојбата се предосеќа веќе на пола текст.....тука нема што.
ReplyDeleteа вистина овој човек дали нема среќа,дали вистина не знае,а и city па тие па какви нокшири се,мислам гледам и навистина помислувам на нокшир.
е Цапаре,Цапаре.......
Стварно бе! Нокшир, онаков, прав! Ги гледаш и нешто во стомак почнува да те мачи. Не многу, нешто како да те протерува, ама не си уште за WC.
ReplyDeleteИ еве го доказот за точното предвидување околу нокширот и WC-то.Овој човек не е за на чело за големи клубови.Мислам незнае да создаде авторитет и покрај тоа што незнае или слабо му иде фудбалската игра.
ReplyDelete