Wednesday, May 18, 2016

1:3

Се намириса...

Saturday, May 14, 2016

Нерешено

На неколкумина им завидувам што неможам јас да се видам во иста позиција на Градски при постигнат гол за Вардар. Ова од сликата е посебен гол. Да не си играл фудбал како дете нема да се препознаеш на сликава. На некој години им продолжил. Вечерта по дома мирна и среќна.

Tuesday, May 10, 2016

Monday, May 2, 2016

Лестер Шампион

Честито Раниери

Sunday, April 3, 2016

Цеце

Ливче склопено на рампа за прием на роба во Веро. Цеце побарала да и уплатат и нејзе едно од веќе подготвените за на шалтер. И ете бидна. Го одбрала на среќа главниот магационер и неговиот претпоставен тип. Нека се множат добитни на Васизор.

Peterborough-Crew 3-0
Juve-Empoli            1-0
Atletiko-Betis          5-1
Dortmund-Bremen  3-2
Arsenal-Watford      4-0
Bournemouth-City  0-4

Thursday, March 24, 2016

24.03.2016 Почивај во мир Легендо

1.„Јас сум поранешен играч, поранешен спортски директор, поранешен менаџер, поранешен почесен претседател. Еден убав список кој покажува дека се има свој крај.“
2.„Да се игра фудбал е многу едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешка работа што постои.“
3.„Квалитет без резултат е бескорисен. Но, резултат без квалитет е досаден.“
4.„Ако изберете најдобар за секоја позиција, нема да имате добар тим, туку само единаесет врвни играчи.“
5.„Во мојот тим, голманот е прв стрелец, а голгетерот е прв дефанзивец.“
6.„Денешните играчи шутираат силно колку да шутнат. Јас можам да ја шутнам силно топката и со внатрешниот и со надворешниот дел на стапалото, и со двете нозе. Да се изразам на друг начин, јас бев шест пати подобар играч од овие денес.“
7.„Го играш фудбалот со глава, а нозете се тука да ти помогнат.“
8.„Играчите кои не се вистински лидери, а се обидуваат да бидат, кога ќе погрешат секогаш ги обвинуваат другите. Вистинските лидери на терен секогаш ја преземаат вината за грешките наместо другите.“
9.„Кога играте натпревар, статистички е докажано дека играчите ја имаат топката по три минути во просек. Па всушност, најважно е она што го правите во тие 87 минути кога ја немате топката. Тоа е она што покажува дали сте добар играч или не.“
10.”Зошто не победува секогаш побогатиот клуб? Па, јас никогаш не сум видел торба со пари да постигнува гол!”

Sunday, March 20, 2016

Кој кого дупи????

Благодарност до досегашните раководители на ФК Вардар, за кои откако почнав да преговарам за купување на клубот сфатив дека овие три години со огромна љубов го воделе Вардар, без никаква желба за профит. Целта поради која влегувам во оваа авантура е континуиран настап на Вардар во групите од фудбалкста Лига на шампионите. Ќе работам чесно и ветувам дека заедно ќе се радуваме на идните успеси“, изјави Самсоненко на денешната средба со медиумите.
Со продажбата на акции, сепак, не завршува грижата на град Скопје во однос со ФК Вардар. Според градоначалникот, Самсоненко нема да може да продава акции од клубот без дозвола на градската власт, а рускиот бизмисмен е должен во следните десет години да поднесува финансиски извештај како потврда дека ги исполнува обврските од договорот за вложувања.

Friday, March 18, 2016

"Дупи во кревет како Вардар што дупи на терен"

Доколку ниту во најлошиот сон не би сакал да си дозволиш да ти "забега" нероденото дете по туѓи бои препорачливо е да се има Македонска домашна ж'та постојано под креветот и црвено-црна постелнина. Убеден сум во сигурна спортска иднина.

Thursday, March 10, 2016

Лоша карма или памет за другпат

Кога се има пишано ливче уплаќај. Тоа е некое непишано правило слично на она не бриши кога веќе имаш предвидено тип. Така и со мене вчера како во првиот наведен случај. Сосема на брзина пишувам четири типа ГГ (Челзи-Псж, Кобресал-Санта Фе, Портено-Коринтианс и Росарио-Ривер Плата), отворам врата од балкон и гледам истура дожд и си викам во себе заеби...Тоа е еве ги резултатите од средбите (1-2, 1-2, 3-2, 4-1). Правеа 18 коеф, планирав за 50 ден да уплатам.
Денес УЕФА Куп се стави едно, но очекувањата се никакви од проста причина што вчера беше судниот ден за добивка. Дождот не е крив, јас сум.

Ривер Плата- Сао Паоло 1
Базел-Севиља                   2
Фенербахче-Брага           1
Ливерпул-Манчестер У  1
Спарта-Лацио                  х


Monday, March 7, 2016

Заслужено место на Васизор. Шкендија-Младост. Пенал :)

За некој работи залудно е да се трошат зборови, можеби една слика ќе ја долови вистинската состојба поубаво. Црвено-жолтиот ФФМ.

Sunday, March 6, 2016

Напред Лестер

Интересно е тоа што 64. годишниот Раниери, никогаш во својата кариера не освоил титула каде и да менаџирал, а беше тренер во Италија, Франција, Шпанија и Англија, па можеби тоа што не му успеа со Челси, ќе му успее со Лестер.-"SportClub"
Со среќа Клаудио !!!

Здраво Васизорци

Васизор не е и никогаш не бил заборавен. Само прашање на време беше кога ќе се вратат старите спортски волци....